Почнува постапката за набавка на 200 илјади кинески вакцини

Министерство за здравство доби задолжение да ја спроведе постапката за набавка на 200 илјади дози од кинеските вакцини против ковид-19, согласно со член 55 став (1) точка г) од Законот за јавните набавки, односно преку постапка со преговарање без објавување оглас.

Оваа одлука е донесена на вечерашната владина седница на која е одлучено да се направи набавка на САРС-КоВ-2 инактивирана вакцина против ковид-19.

„Станува збор за нова набавка на дополнителни количини, покрај оние од КОВАКС-механизмот од 833 000 дози на вакцина за кои Министерството за здравство изврши уплата на авансот и ја обезбеди финансиската гаранција, со што ги исполни финансиските обврски што произлегуваа по основ на склучениот Договор“,

информираат од владината прес-служба.

Според најавите, првите количини од КОВАКС-механизмот се очекува да бидат испорачани во првата половина на февруари.

Како што информираат од Владата, во завршна фаза се и директните разговори со производителот „Фајзер“ за набавка на уште 800 000 единечни дози за сукцесивна испорака на договорените количини во наредните месеци, од кои, првите во февруари.

Back to top button
Close