Покрената постапка за утврдување дисциплинска одговорност кон Петар Богојески поради ксенофобични објави на Фејсук
Министерството за обрана покренало постапка за утврдување на дисциплинска одговорност за Петар Богојески поради ксенофобични објави на социјалната мрежа Фејсбук.
Од таму, по новинарско прашање од ТВ21 велат дека е покрената постапка врз основа на Законот за административни службеници, Кодексот за административни службеници и Етичкиот кодекс на вработените во МО и Армијата.
„Министерството за одбрана не толерира било каква форма на дискриминација а административните службеници во јавните настапи на социјалните мрежи или во каков било друг облик на комуникација, треба да претставуваат пример за соодветно и достоинствено однесување“, велат од министерството за ТВ21.