Полицискиот хеликоптер исфрли повеќе од 35 тони вода врз пожарот во струмичко
Хеликоптерот на Министерството за внатрешни работи Бел 412 од утринските часови интензивно е активен во гасењето на пожарот во струмичко, при што до сега исфрли повеќе од 35 тони вода.
Како што соопшти МВР, активностите продолжуваат се до целосно гасење на пожарот.
Претходно, ЦУК објави дека во изминатото деноноќие изгаснати се 27 пожари на отворен простор, а четири се ставени под контрола. Активни пожари има во село Нивичино, општина Василево, во село Грешница, општина Македонски Брод, меѓу прилепските села Царевиќ и Смолани и во село Виштица, општина Липково.