Повредени сопругата и ќерката на премиерот во експлозијата во Бејрут

Сопругата и ќерката на либанскиот премиер Хасан Диаб се повредени во страотната експлозија што синоќа ја погоди областа во близина на пристаништето во Бејрут. Арапската телевизиска станица Ал Арабија наведува дека се повредени и неколкумина советници на премиерот Диаб.

Експлозијата ја оштети и службената резиденција на претседателот на Либан, палатата „Бабда“. Детонацијата оштети голем број згради, вклучително и Руската амбасада.

Извор: makfax.mk

Back to top button
Close