Пожар избувна кај грчкиот град Коропи, во близина на Волос

Пожарот во грчкиот град Коропи во близина на Волос, кој избувна во шумска област, го гаснат 36 пожарникари со 14 возила, соопшти денес противпожарната служба на градот, пренесува „Танјуг“.

Во соопштението објавено од „Катимерини“ се наведува дека во гаснењето на пожарот учествуваат и два хеликоптери, како и дека локалните власти обезбедуваат помош со обезбедување цистерни за вода.

Се прецизира дека пожарот избувнал во земјоделско-шумска област на споредниот пат Атики Одос во Коропи, кој се наоѓа на 16 километри од Атина.

Back to top button
Close