Пожар во Струшко, зафатено 20.000 квадратни метри – Тројца пожарникари завршиле во болница со респираторни проблеми

Голем пожар зафати земјоделско земјиште кај селото Ложани, во општина Струга, при што биле зафатени околу 20.000 метри квадратни посеви со пченица, јачмен и со други земјоделски култури, информираше денеска СВР Охрид.

Пожарот избувнал на 19 јули околу 13:13 часот, а местото на настанот било сопственост на повеќе жители од селото.

Во интервенцијата учествувала Територијалната противпожарна единица Струга, но тројца пожарникари добиле респираторни проблеми поради вдишување чад. Тие биле пренесени и задржани на лекување во Општата болница во Струга.

Пожарот бил целосно изгаснат, а причините за неговото избувнување се сѐ уште непознати.

Back to top button
Close