Премиерот Заев на средба со амбасадорот на Бугарија Ангел Ангелов

– Претседателот на Република Северна  Македонија Зоран Заев денеска оствари средба со амбасадорот на Бугарија Ангел Ангелов.

Премиерот Заев во разговор со амбасадорот Ангелов истакна дека Владата останува посветена на стратешки цели, меѓу кои и заложбата за исполнување на обврските од членството во НАТО и забрзување на процесот на интеграција во Европска Унија.

Амбасадорот Ангелов му го честита вториот мандат на Заев и изборот на новата Влада посакувајќи му успешна работа во насока на обезбедување стабилност и економски просперитет на граѓаните на двете земји.

Заев и Ангелов се согласија дека со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка се поставени одлични темели за натамошна соработка меѓу двете земји.

На средбата беше истакнато дека двете земји продолжуваат да ги остваруваат придобивките од заедничкото претседателство на Берлинскиот  процес за Западен Балкан, во насока на олеснување и промовирање на конкретните чекори кон регионален економски развој, со цел надминување на економско-здравствената криза предизвикана од КОВИД-19, како и соработка во останатите области.

Премиерот Заев  и амбасадорот Ангелов се согласија дека двете држави продолжуваат посветено да ја зајакнуваат соработката меѓу двете земји, во позитивна насока и со голема волја за решавање на сите предизвици.

Back to top button
Close