Престанете да палите контејнери, апелира комуналец

На ден 18.08.2022 год. беа запалени контејнери од 3,2 м3 на улица “Ѓорче Петров” во општина Ѓ.Петров, но со нaвремена интервенција на противпожарните служби не беа направени поголеми оштетувања. На истата локација и претходно беа палени и уништувани контејнери. Со овие постапки се нанесува голема финансиска штета на Претпријатието, но и се создаваат проблеми при одлагањето и собирањето на комуналниот отпад во градот.

Упатуваме апел до онаа мала група на несовесни граѓани да престанат со уништувањето на опремата на ЈП “Комунална хигиена”-Скопје и совесно да го одлагаат својот отпад за нашите екипи да можат навремено да ги извршуваат своите работни обврски согласно Оперативната програма за работа.

 

 

 

 

Back to top button
Close