Претставничкиот дом на САД одобри продолжување на воената помош за Украина

Претставничкиот дом на Соединетите Американски Држави гласаше за продолжување на воената помош за Украина, објави синоќа конгресменот Дон Бејкон.

Предлог-законот HR4016 беше поддржан од 353 пратеници, додека 76 беа против, што обезбеди силна двопартиска поддршка за продолжување на американската поддршка за Киев, објави Бејкон на Икс, пренесе Униан.

Законот треба да биде разгледан во Сенатот, каде може да биде изменет, усвоен во сегашната форма или да не биде усвоен.

Доколку биде потврден, предлог-законот оди кај американскиот претседател Доналд Трамп на потпис. Трамп, исто така, најави нова рунда воена помош за Украина, вклучувајќи ракети за системите „Патриот“, кои, како што рече, „веќе се на пат“.

Back to top button
Close