Прилепчанец удрил полицаец на должност
Полицаец во Прилеп вчера бил физички нападнат додека извршувал службена должност. Ова е уште еден напад на полициските службеници, по инцидентите во Тетово и во Ресен каде еден полицаец беше прегазен, а друг претепан.
„На 31.10.2023 на ул.„Прилепски бранители“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Д.И.(31) од Прилеп затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава“ – стои во известувањето од МВР.