Приведен маж од Турција, пукал и ранил друго лице во Скопје

Едно лице, државјанин на Турција е приведено во Скопје поради основано сомнение дека со огнено оружје ранил друго лице, исто така од Турција.

Според информациите на Министерството за внатрешни работи настанот се случил во текот на вчерашниот ден околу 22 часот. Триесетгодишниот М.Е.Е. кој е приведен бил со привремен престој во земјава.

„Полициски службеници од СВР-Скопје го лишиле од слобода М.Е.Е.(30) од Република Турција, со привремен престој во Скопје, поради сомнение дека околу 22.00 часот, пред угостителски објект на ул.Казанџиска во Скопје, пукал од огнено оружје и му нанел повреди на С.Б., исто така, од Република Турција“, информираат од МВР.
Приведениот М.Е.Е. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Back to top button
Close