Приведен угостител од Тетовско, објектот работел по дозволеното време

Џ.Џ. (34) од селото Пирок, Тетовско, синоќа е приведен зашто неговиот угостителски објект работел после предвиденото законско време, а во него имало и 15 гости. Со тоа сторил кривично дело „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Според МВР,  по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Back to top button
Close