Приведен возач од тетовско, управувал возило со 162 км/час на место каде е дозволено 80 км/час

Вчера попладнето на автопат Тетово – Гостивар, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода В.М.(24) од село Пирок, тетовско, бидејќи управувал со брзина двојно поголема од дозволената.

-При сообраќајна контрола и преземени мерки и активности, полициските службеници констатирале дека В.М. управувал патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистерски ознаки со брзина од 162 километри на час на место  каде што максималната дозволена брзина е 80 километри на час, информираат од МВР.

Лицето е пиведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297 – а од Кривичниот законик – „безобѕирно управувањена моторно возило“.

Back to top button
Close