Приведени двајца разбојници од Скопје

Man’s hand is locked with the handcuffs

Полициски службеници од Полициската станица Центар и од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера ги лишиле од слобода С.М.(42) и Е.М.(20), двајцата од Скопје.

Како што информира МВР, тие се сомничат дека претходно извршиле кривично дело „разбојништо”, при што од З.С.(19) од Скопје, одзеле пари. Притоа, кај С.М. биле пронајдени одземените пари и ќе бидат вратени на сопственикот.

Двете лица се задржани во полициска станица и во координација со јавен обвинител по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Back to top button
Close