Приведени малолетници, уапсени крадци и дилери во контрола на 12 угостителски објекти во Скопје

Скопската полиција вчера попладнето почнала акциска контрола околу 19 часот, која завршила утрово околу 2:30 часот. На подрачјето на Центар контролирале угоситетелски објекти, во координација и соработка со Државниот пазарен инспекторат.

Привеле вкупно 13 лица.

Во рамки на контролата на 12 угостителски објекти, четири лица беа лишени од слобода врз основ на чл. 215 став 3 и 236 став 1 од КЗ на РСМ, а беа приведени и други девет лица од кои шестмина малолетници соопштија од МВР.

Доколку се погледне кривичниот законик, членот 215 се однесува на трговија со дрога, додека членот 236 на кривичното дело тешка кражба. Полицијата, сепак, не соопштува повеќе околности.

Покрај ова евидентирани беа прекршувања по основ на Закон за лична карта, Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата, Закон за возила и Закон за оружје. Инаку во рамки на акциската контрола извршени се 26 проверки на идентитети, 23 прегледи на лица и 11 прегледи на патнички моторни возила, а седум возила беа подигнати со „Пајак“соопштија од МВР.

Настрана од скопската полиција, во Скопје синоќа била активна и Единицата за недозволена трговија. Тие привеле две лица заради утврдување на идентитет, легитимирале 22 лица, а извршиле преглед кај 19 лица и осум патнички моторни возила

Back to top button
Close