Прв дигитален Конгрес на СДСМ

 

Ве известуваме дека утре, 25.10.2020 година (недела), со почеток во 13:00 часот, СДСМ ќе одржи 25. Конгрес, коj за прв пат во земјава ќе биде дигитален, користејќи современи дигитални платформи и алатки.

Првиот дигитален Конгрес на СДСМ ќе се одржи преку електронска платформа Зум (ZOOM), заради заштита на здравјето на граѓаните, делегатите, медиумските работници и со целосно почитување на мерките и препораките за зашитита од Ковид 19.

Конгресот ќе го отвори ќе го води претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Конгресот ќе има отворен и работен дел со соодветен пренос во живо и можности за медиумите да преземат видео материјал со висока резолуција.

Медиумите ќе можат да го проследат отворениот дел од Конгресот во живо и да преземат видео материјал со висока резолуција (HD) доколку имаат потреба за тоа, со обезбден превод на три јазици (Македонски, албански и англиски јазик).

За пренос во живо на првиот дигителен Конгрес на СДСМ и преземање на видео материјал медиумите ќе може да ги користат следните линкови:

На Македонски јазик: https://youtu.be/uWgxIHylWy4

На Албански јазик: https://youtu.be/l2uOnJ6ZZMA

На Англиски јазик: https://youtu.be/y_C1YB_Bxuk

Директни линкови ќе бидат на располагање и на официјалната интернет страница на СДСМ (www.sdsm.org.mk )

Дополнително, по завршување на Конгресот, претседателот на партијата, Зоран Заев, ќе одржи прес-конференција на која ќе ги презентира одлуките донесени на 25-от Конгрес на СДСМ.

За оваа прес конференција ќе следи уште една најава 30 минути пред одржувањето.

Прес конференцијата ќе се реализа преку дигиталната платформата Зум (ZOOM), а медиумите ќе имаат можност и за поставување прашања.

Новинарите, прес-конференцијата на претседателот на СДСМ Зоран Заев ќе може да ја проследат на апликацијата zoom на следниот линк:

https://zoom.us/j/93750457506?pwd=WEZjT0lMb3FldzFWRzZabGM1bDFMUT09

Или преку внесување на следните параметри во вашиот Зум клиент:

Meeting ID: 937 5045 7506

Passcode: 449986

Ве молиме прес конференцијата да ја проследите само на Зум клиентот, поради временската разлика со стримот кој би одел на нашите YouTube и Facebook канали.

Пред вклучувањето во собата осигурајте се дека вашиот микрофон и камера се во функција и ве молиме во полето за вашето име користете ИМЕ НА МЕДИУМ – ИМЕ И ПРЕЗИМЕ.

Ги покануваме медиумите и јавноста да го проследи првиот дигитален Конгрес на СДСМ.

Back to top button
Close