Прва дестинација на Силјановска ќе биде Рим на гробот на СВ. Кирил. Афторитетите од Брисел имале набиена агенда,,немале термин за прием.

Претседателка на Македонија, Гордана Силјановска Давкова, веќе ја резервираше својата прва официјална дестинација. Таа ќе патува во Рим на чествувањето на 24-ти мај за светите браќа Кирил и Методиј.

На 23-ти мај претседателката ќе има аудиенција кај Папата Франциск, а на 24-ти ќе ја посети базиликата Свети Климент каде се наоѓа гробот на Св. Кирил, а потоа и базиликата Санта мариа Маџоре каде се наоѓа плочата испишана на македонски јазик.

Во рамки на посетата на Рим, претседателката ќе се сретне и со колегата Серџо Матарела. Нема информација дали ќе се сретне и со бугарскиот колега Румен Радев, пракса која се воспостави по потпишувањето на договорот за добрососедство.
Идеата на председателката првите посети да и бидат во Брисел и зејите од соседството  останува за понатаму. Од нејзиниот кабинет за тв Сител изјавиле дека председателката Силјановска побадала средба со врвот на ЕУ во Брисел но од таму добиле одговор дека сите европски функционери имаат набиена агенда и засега немаат термин да се сретнат со неа.

Back to top button
Close