Путин се извини за несреќата со „Азербејџан ерлајнс“
Владимир Путин упати извинување до претседателот на Азербејџан за инцидентот со патничкиот авион на „Азербејџан ерлајнс“ којшто беше погоден од руската противвоздушна одбрана додека леташе на рускиот воздушен простор. Во несреќата, најмалку 38 лица го загубија животот.
„Претседателот Владимир Путин се извини за трагичниот инцидент што се случи во рускиот воздушен простор и уште еднаш изрази длабоко и искрено сочувство до семејствата на жртвите и им посака брзо закрепнување на повредените. Во тоа време Грозни, Моздок и Владикавказ беа напаѓани од украински беспилотни летала, а руските системи за противвоздушна одбрана ги одбија овие напади“, соопшти Кремљ.
Алхам Алиев, претседателот на Азербејџан, истакна дека авионот бил „подложен на надворешни физички и технички пречки во рускиот воздушен простор, што резултирало со целосно губење на контролата и пренасочување кон казахстанскиот град Актау“.