Рајан: Има напредок во развојот на вакцина, но во употреба дури од 2021 година

– Извршниот директор на Светската здравствена организација за итни програми, Мајк Рајан, денеска изјави дека истражувачите „добро напредуваат“ во развојот на вакцините против Ковид-19, од кои неколку се во доцни фази на тестирање, но истакна дека нивната првична употреба не се очекува пред почетокот на следната година.

Рајан рече дека СЗО напорно работи за обезбедување фер дистрибуција на вакцината, но истакна дека во меѓувреме е клучно да се спречи ширењето на коронавирусот, пренесуваат британските медиуми.

-Остваруваме добар напредок, рече Рајан, истакнувајќи дека неколку вакцини се во третата фаза од тестирањата, а ниту една досега не била неуспешна во однос на безбедноста или можноста за генерирање на имунолошки одговор.

Тој додаде дека СЗО работи на проширување на пристапот до потенцијалната вакцина и дека помага во зголемувањето на производниот капацитет.

-И кон тоа мораме да се однесуваме фер, затоа што тоа е глобално добро. Вакцините за оваа пандемија не се за богатите, нити за сиромашните, тие се за сите, рече Рајан. сд/

Back to top button
Close