Расте бројот на заболени од Ковид-19 во Тиквешко, осум нови случаи во четирите општини

 

Денеска се регистрирани осум нови случаи на Ковид-19 во Тиквешијата, и тоа три во Кавадарци, три во Неготино, еден во Росоман и еден во Демир Капија, известуваат од Центар за јавно здравје Каваадрци.

Станува збор за лица на возраст од 15 до 77 години, а најстариот пациент од Неготино е хоспитализиран на Инфективно одделение во болницата во Велес. Помеѓу новоинфицираните има и здравствена работничка од ЈЗУ Неготино.

-Сите регистрирани пациенти остануваат на домашно лекување, освен пациентот на возраст од 77 години, кој е хоспитализиран. Имаат симптоми и се во контакт со матичните лекари. Речиси никој од нив не знае од каде се заразил. Работиме на нивните контакти – изјавија од центарот.

Back to top button
Close