(Видео) Филипче-Раздвојувањето на Албанија и Северна Македонија е катастрофа за иднината на граѓаните

Амбасадорите на државите членки на Европската унија вчера донеле одлука Албанија да ги продолжи преговорите со Европската унија и да се раздвои од Северна Македонија на патот на евроинтеграциите, соопшти денеска на прес-конференција лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

Според него, ова значи дека Албанија ќе добие зелено светло за продолжување во втората фаза на преговорите со ЕУ и отворање на првиот кластер, а за нас значи нова пропуштена шанса.

„Раздвојувањето на Албанија и Северна Македонија е тежок пораз на политиките на Владата на планот на европската интеграција на државата. Но пред се, ова е огромна катастрофа за иднината на граѓаните. За жал, оваа нова пропуштена шанса ќе се одрази на многу семејства и на уште една цела нова генерација. Ова ја убива надежта дека нашата држава може да напредува и да се развива“ изјави Филипче.

Со ова, смета лидерот на СДСМ, Македонија останува изолирана, без јасен план и стратегија како ќе продолжи напред.

„За само 100 дена, Владата ја закопа последната надеж дека тука некогаш подобро ќе се живее. Политиките на ВМРО-ДПМНЕ кои служат само за ширење популизам и лажен патриотизам ни носат само меѓународна изолација, економска стагнација и внатрешни тензии. Осиромашена, безнадежна, внатрешно раскарана и раселена – ова е планот на ВМРО-ДПМНЕ за Македонија“ порача Филипче.

Филипче додаде дека Преговарачката рамка и потребните уставни измени се најдобар начин државата да се заштити од натамошнин уцени и барања.

 

Back to top button
Close