Реал има три порази на 10 натпревари во Ла Лига, исто колку за целиот последен шампионат

Екипата на Реал Мадрид загуби од Алавес со 2:1 синоќа во дуел од шпанската Примера. Ова е трет пораз на „кралевите“ на 10 натпревари сезонава.

Во последното првенство, Реал Мадрид претрпе три порази во сите 38 кола. Тогаш клубот од Мадрид стана шампион.

Реал Мадрид во моментов се наоѓа на 4-то место во Ла Лига со 17 бода.

Back to top button
Close