Рекорден број новозаразени со коронавирус во Албанија

 Во Албанија забележан е нов негативен рекорд на позитивни случаи со Ковид-19 во едно деноноќие, од почетокот на пандемијата, во почетокот на месец март.

Според Министерството за здравство и социјална заштита од направен 504 тестови во последното деноноќие регстрирани се 126 новозаразени,што е највиска бројка до сега. И понатаму Тирана останува главното жариште на болеста, каде од новозаразените дури 74 се токму од албанската метропола.

Во исто време во списокот на оздравени внесени се 45 а починале четири лица.

И понатаму загрижува постојаното зголемување на лицата на кои им е неопходно болничко лекување. Во Инфективната клиника и болницата „ Шефќет Ндроќи“ позната како болница Ковид 2, се третираат 112 пациенти од кои 26 во тешка здравствена состојба.

Во Албанија до сега направени се 38.682 тестови, позитивен резултат е добиен кај 4.763, битката со опасниот вирус ја добиле 2.682 а ја изгубиле 138 лица.

Back to top button
Close