Република Mакедонја одамна ќе станеше членка на НАТО и ЕУ доколку на нејзино чело не беше егоцентричниот претседател Глигоров!


пишува: Коста Стоименовски

Написот на Денко Малески МАКЕДОНИЈА ЛИЗГА КОН КОНФЛИКТЕН НАЦИОНАЛИЗАМ, објавена на ЛИБЕРТАС на 21 јануариј 2023 год.

Константна теза во написите на Проф Малески е дека најголемо зло во РМ се македонскиот национализам и македонските националисти. Меѓутоа, тој не гледа национализам кај останатите етнички заедници во државата кои се служат со уцени и притисоци (пред пописите бараат да се гарантира посакуваниот процент на нивната заедница во вкупното население во РМ. стекнување право на македонско државјанство со двајца сведоци и сл.). Има ли друга земја во Европа и во светот во која државјанство може да се стекне на тој начин? Со прифаќањето на ваквите барања, РМ е трансформирана од мултиетничка во бинационална и билингвална држава! Авторот на написов не гледа ни економски национализам кај етничката заедница која со криминалната приватизација го заграби општественото богатство!

Во 1985 година, заменикот на началникот на Кадровската управа во Сојузниот секретаријат за надворешни работи (ССНР) Хранислав Маринковиќ, ме праша зошто не одам за амбасадор, со напомена дека од Скопје добиле список со 22 кандидати за југословенски амбасадори, но дека тие луѓе не им одговараат и дека преферираат луѓе од Куќата (ССНР) за кои знаат дека можат квалитетно да ја извршуваат амбасадорската должност. На спомнатата листа се наоѓаа имињата на Денко Малески и Ристо Никовски. На моја напомена дека немам поддршка од доле (Скопје) тој ме праша дали би сакал тој да ме подржи, но, јас му заблагодарив на укажаната доверба со напомена дека не сакам да ја иритирам мојата генерација и го наведов случајот со Богдан Исовски.

По изборот за претседател на РМ, Глигоров на челни места во македонската дипломатија ги постави кандидатите кои беа предложени за југословенски амбасадори, но не беа прифатени од ССНР. Во македонската дипломатија безрезервно беа прифатени само оние македонски кадри кои не се пријавија на повикот на македонската Владата да се вратат во РМ, односно оние кои не покажаа лојалност кон македонската држава!
Еден бескрупулозен кариерист, кој очекуваше претседателот Глигоров да го назначи за министер за надворешни работи, но не го назначи, започна жестоко да го критикува, а во еден напис , без мое знаење и без моја согласност го злоупотребил и моето име со што ми нанесе огромни штети. Инсталациите на претседателот Глигоров во Министерството за одбрана пет години не сакаа да дадат согласност за замена на станот во Белград, со површина од 40 м2, за стан на капетан на ЈНА од 50-тина м2 во Скопје, а пак неговите инсталации во МНР се обидоа да ме понижат така што ми понудија статус и плата на приправник, а со цел да го задржам својот дигнитет, доброволно и достоинствено си заминав од МНР. Ми требаше долго време да разберам дека шефот на државата, наместо да се занимава со прашања од интерес за државата и народот се занимава со, за него, тривијални, а за мене, егзистенционални прашања. Вака може да се однесува само безмилосен одмаздник и на невини луѓе!

Платениците, апологетите и епигоните на претседателот Глигоров со суперлативи ја величаат неговата личност (генијален и остроумен политичар) и неговата „мудра политика“, но и покрај бројните апели да наведат макар еден економски или инфраструктурен проект од интерес за државата и за народот кој го иницирал и реализирал претседателот Глигоров во неговиот 9 годишен мандат, но тие упорно молчат бидејќи такви проекти едноставно нема

Кардинална историска грешка на претседателот Глигоров беше тоа што не ја прифати понудата на еминентниот македонски ,југословенски и светски дипломат Лазар Мојсов да помогне околу признавањето и меѓународното етаблирање на РМ. Имајќи предвид дека Мојсов, кој беше личен и семеен пријател со најмоќниот светски политичар, Џорџ Буш-постариот, кој беше претседател на САД од 1989 до 1993 година, период од клучно значење за иднината на РМ, со помош и поддршка од моќниот пријател на Мојсов, нашата држава ќе беше ставена на „брза лента“ и ќе станеше членка на НАТО и ЕУ, пред или најдоцна со Бугарија и на тој начин ќе ги избегнеше голготата , уцените и притисоците од соседните држави, најпрво од Грција, а потоа од Бугарија. Претседателот Глигоров сноси историска одговорност поради тоа што ги „прокоцка“ силните референци содржани во Извештајот на Комисијата предводена од Бадинтер во кој е децидно наведено дека од сите поранешни југословенски републики само РМ и Словенија ги исполнуваат условите за меѓународно признавање. Епигоните на претседателот Глигоров не само што ги игнорираат овие факти, туку се обидуваат со ноторни лаги да го бранат нивниот политичи ментор и патрон, а го обвинуваат Мојсов за наводно одбивање да и помогне на РМ!?

Претседателот Глигоров нанесе најголема штета на РМ со неговиот таен договор со српскиот лидер Милошевиќ да го спречи меѓународното признавање на РМ и нејзиното излегување од скратената Југославија (без Словенија и Хрватска), на чие чело би бил Глигоров! Бугарија беше прва земја која ја призна Република Македонија, а нејзиниот претседател Жељу Желев имаше клучна улога во признавањето на РМ не само од Бугарија, туку и од Русија. Меѓутоа, Орденот 8 Септември му беше доделен дури во 2010 година, односно по завршетокот на мандатот на претседателот Глигоров! Турција беше втора земја која ја призна РМ, но на турскиот претседател Тургут Озал, ни пост хумано не му беше доделено какво било македонско одликување! Зарем и овие факти не покажуваат дека некому не му одговараше признавањето на РМ?

Со цел да ја импресионира јавноста, претседателот Глигоров ја лансира апсурдната идеја за еквидистанца кон соседните држави. Тоа беше всушност обид за копирање на политиката на Тито за еквидистанца кон двата воено политички сојузи НАТО и Варшавскиот Договор, но оваа политика е неприменлива кон четирите, а сега петте соседни земји на РМ.
Апелирам на платениците, апологетите и епигоните на претседателот Глигоров, доколку не потпишале некој документ со кој се обврзале вечно да ја бранат и да ја глорифицираат неговата личност и неговата „мудра политика“ да престанат да учествуваат во најголемата измама во историјата на самостојна РМ.
На крајот со сличен апел се обраќам и до пишуваните и електронските медиуми да објавуваат ставови и мислења и на оние кои имаат критички забелешки на „мудрата политика“ која државата ја доведе на ова дереџе. Медиумската империја, која со огромни пари од сиромашните македонски граѓани, ја создаде претседателот Глигоров за популаризација и глорификација на личноста на претседателот Глигоров треба дефинитивно да замине во историјата!

Константна теза во написите на Проф Малески е дека најголемо зло во РМ е македонскиот национализам и македонските националисти. Меѓутоа, тој не гледа национализам кај останатите етнички заедници во државата кои се служат со уцени и притисоци (пред пописите бараат да се гарантира посакуваниот процент на нивната заедница во вкупното население во РМ. стекнување право на македонско државјанство со двајца сведоци и сл.). Има ли друга земја во Европа и во светот во која државјанство може да се стекне на тој начин? Со прифаќањето на ваквите барања, РМ е трансформирана од мултиетничка во бинационална и билингвална држава! Авторот на написов не гледа ни економски национализам кај етничката заедница која со криминалната приватизација го заграби општественото богатство!

Во 1985 година, заменикот на началникот на Кадровската управа во Сојузниот секретаријат за надворешни работи (ССНР) Хранислав Маринковиќ, ме праша зошто не одам за амбасадор, со напомена дека од Скопје добиле список со 22 кандидати за југословенски амбасадори, но дека тие луѓе не им одговараат и дека преферираат луѓе од Куќата (ССНР) за кои знаат дека можат квалитетно да ја извршуваат амбасадорската должност. На спомнатата листа се наоѓаа имињата на Денко Малески и Ристо Никовски. На моја напомена дека немам поддршка од доле (Скопје) тој ме праша дали би сакал тој да ме подржи, но, јас му заблагодарив на укажаната доверба со напомена дека не сакам да ја иритирам мојата генерација и го наведов случајот со Богдан Исовски.

По изборот за претседател на РМ, Глигоров на челни места во македонската дипломатија ги постави кандидатите кои беа предложени за југословенски амбасадори, но не беа прифатени од ССНР. Во македонската дипломатија безрезервно беа прифатени само оние македонски кадри кои не се пријавија за доаѓање во РМ, односно оние кои не покажаа лојалност кон РМ. За нив пишував во повеќе наврати, така што сега ќе се воздржам да ги именувам и поради ограничениот простор.

Еден бескрупулозен кариерист, кој очекуваше претседателот Глигоров да го назначи за министер за надворешни работи, но не го назначи, започна жестоко да го критикува, а во еден напис , без мое знаење и без моја согласност го злоупотребил и моето име со што ми нанесе огромни штети.

Инсталациите на претседателот Глигоров во Министерството за одбрана пет години не сакаа да дадат согласност за замена на станот во Белград, со површина од 40 м2, за стан на капетан на ЈНА од 50-тина м2 во Скопје, а пак неговите инсталации во МНР се обидоа да ме понижат така што ми понудија статус и плата на приправник, а со цел да го задржам своето достоинство, доброволно и достоинствено си заминав од МНР.

Ми требаше долго време да разберам дека шефот на државата, наместо да се занимава со прашања од интерес за државата и народот се занимава со, за него, тривијални, а за мене, егзистенционални прашања. Вака може да се однесува само безмилосен одмаздник и на невини луѓе!

Платениците, апологетите и епигоните на претседателот Глигоров со суперлативи ја величаат неговата личност, генијален и остроумен политичар и неговата „мудра политика“, но и покрај бројните апели да наведат макар еден економски или инфраструктурен проект од интерес за државата и за народот кој го иницирал и реализирал претседателот Глигоров во неговиот 9 годишен мандат, но тие упорно молчат бидејќи такви проекти едноставно нема

Кардинална историска грешка на претседателот Глигоров беше тоа што не ја прифати понудата на еминентниот македонски ,југословенски и светски дипломат Лазар Мојсов да помогне околу признавањето и меѓународното етаблирање на РМ. Имајќи предвид дека Мојсов, кој беше личен и семеен пријател со најмоќниот светски политичар, Џорџ Буш-постариот, кој беше претседател на САД од 1989 до 1993 година, период од клучно значење за иднината на РМ, со помош и поддршка од моќниот пријател на Мојсов, нашата држава ќе беше ставена на „брза лента“ за зачленување во НАТО и ЕУ, пред или најдоцна со Бугарија и на тој начин ќе ги избегнеше голготата , уцените и притисоците од соседните држави, најпрво од Грција, а потоа од Бугарија. Претседателот Глигоров сноси историска одговорност поради тоа што ги „прокоцка“ силните референци содржани во Извештајот на Комисијата предводена од Бадинтер во кој е децидно наведено дека од сите поранешни југословенски републики само РМ и Словенија ги исполнуваат условите за меѓународно признавање.

Епигоните на претседателот Глигоров не само што ги игнорираат овие факти, туку се обидуваат со ноторни лаги да го бранат нивниот политичи ментор и патрон, а да го обвинат Мојсов за наводно одбивање на понудата да и помогне на РМ!?

Претседателот Глигоров нанесе најголема штета на РМ со неговиот таен договор со српскиот лидер Милошевиќ за спречување на меѓународното признавање на РМ и нејзиното излегување од скратената Југославија (без Словенија и Хрватска), на чие чело би бил Глигоров! Овој договор имаше фатални последици за иднината на РМ!

Со цел да ја импресионира македонската јавност претседателот Глигоров ја лансира апсурдната идеја за еквидистанца кон соседните држави. Тоа беше обид за копирање на политиката на Тито за еквидистанца кон двата воено политички сојузи НАТО и Варшавскиот Договор, но оваа политика е неприменлива кон четирите, а сега петте соседни земји на РМ.

Апелирам на платениците, апологетите и епигоните на претседателот Глигоров, доколку не потпишале некој документ со кој се обврзале вечно да ја бранат и да ја глорифицираат неговата личност и неговата „мудра политика“ да престанат да учествуваат во најголемата измама во историјата на самостојна РМ.

На крајот со сличен апел се обраќам и до пишуваните и електронските медиуми да објавуваат ставови и мислења и на оние кои имаат критички забелешки на „мудрата политика“ која државата ја доведе на ова дереџе.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close