Републикански сенатор повика денот кога се укина ропството во САД да се прогласи за федерален празник

Републиканскиот сенатор од Тексас, Џон Корнин има намера да поднесе нацрт-закон со кој денешниот ден ќе се прогласи за федерален празник, датата кога во САД се одбележува крајот на епохата на ропството.

На 19 јуни 1865 година армијата на северњачкиот Сојуз навлезе во тексашкиот град Галвестон, последната опора на конфедератите, со веста за тоа дека Граѓанската војна е завршена а 250 илјади жители на државата кои се робови, отсега се слободни.

-Еден од најзначајните моменти во историјата на нашата нација се случи на 1 јануари 1863 година, кога претседателот Линколн ја прогласи Декларацијата за еманципација и конечно дојде до ослободување на сите робови на територијата на Конфедерацијата. Но робовите во Тексас таа вест ја дознаа дури две и пол години подоцна, изјави Корнин денеска обраќајќи се пред Сенатот.

-Поминале две и пол години откако робовите од Југот дознале дека се слободни. И тоа се случило на денешен ден кој ние го нарекуваме Ден на еманципација.

Овој ден не бил одбележуван официјално се до 1980 година, кога Тексас станала првата сојузна држава која го прогласи за празник.

Неделава и Њујорк и Вирџинија го прогласија овој ден за официјален празник, тоа значи дека вработените во службите на државата ќе добијат платен слободен ден или плата за прекувремена работа.

Денот на еманципација на поробените луѓе од африканско потекло (или Џунтеен) се одбележува и во 43 други држави и во округот Колумбија, но не како официјален државен празник. Овој ден се одбележува и во некои земји од Карибите, поранешни европски колонии.

Во меѓувреме, низа американски компании како Гугл, Твитер и НФЛ лигата на американски футбал, планираат да го одбележуваат овој ден как празник.

Тексас е последната конфедеративна држава која официјално го укина ропството во 1865 година и годинава се одбележува 165 годишнина од таа дата.

Во иминативе неколку недели во САД се одвива своевидна лустрација на настани и личности одговорни за ропството и Граѓанската војна во 19 век.

Прифаќањето на оваа дата за државен празник и уривањето и симнувањето на споменици и слики на повеќе конфедеративни политичари и воени лица кои се бореле за зачувување на робовладетелскиот систем, започна со активирање на граѓанското движење во САД со бранот масовни протести поттикнати од насилната смрт на Афроамериканецот Џорџ Флојд.

Back to top button
Close