РТС се извини за прекинот на обраќањето на Вучиќ – некој намерно ги извлекол каблите за струја од репортажното возило
Во извинувањето се наведува дека се работи за засега неименувано лице
Сртпскиот јавен сервис РТС обави извинување поради тоа што се случил краток прекин на сигналот при емитувањето на обраќањето на претседателот Александар Вучиќ попладнево.
Во извинувањето се наведува дека засега неименувано лице, намерно ги извлекло каблите за струја од возилото за сателитско емитување.
„РТС им се извинува на своите гледачи, иако емитувањето беше прекинато по туѓа вина“,
соопшти РТС во извинувањето.
Претседателот на Србија Александар Вучиќ попладнево и се обрати на јавноста за повеќе актуелни домашни теми.