САД воведуваат задолжителен тест за Ковид-19 за сите патници од Британија
Од понеделник, американските власти ќе бараат сите патници кои пристигнуваат од Велика Британија да покажат негативен тест за Ковид-19, направен не повеќе од 72 часа пред нивното заминување, поради загриженост за новиот вид коронавирус што се појави во Велика Британија.
Центарот за контрола и превенција на болести на САД доцна синоќа во соопштението нагласи дека сите патници на патнички летови од Велика Британија мораат да имаат негативен тест за да можат да се качат и да заминат за САД.
Одлуката е радикален пресврт откако администрацијата на претседателот Трамп ги информираше американските авиокомпании во вторникот дека не планира да бара тестови за патниците кои пристигнуваат од Велика Британија.
Новото барање ќе важи за сите патници, вклучително и американски граѓани, објави „Вашингтон пост“