Сакеларопулу: Грција е решена да ги брани нејзиниот суверенитет и суверени права

– Грција е апсолутно решена да ги брани нејзиниот суверенитет и суверените права. Секако се стремиме кон дијалог, но не може да има дијалог во услови на закани, уцени и провокации, а страната што предизвикува ескалација, треба да е онаа што ќе доведе до деескалација, порача претстедателката на Грција Катерина Сакеларопулу на почетокот од средбата со шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас, јави дописничката на МИА од Атина.

Дендиас, во претседателската палата денеска ја информираше Сакеларопулу за последните случувања во грчката надворешна политика.

-Мислам дека е време власта во Турција да сфати дека Грција, во соработка со нејзините сојузници и секако, секогаш почитувајќи го меѓународното право, ќе направи сѐ што е потребно да ги одбрани нејзините национални интереси. Апсолутно е неопходно да се напуштат провокациите за да има простор за дијалог и дипломатија, елементи неопходни за мирен соживот, нешто што се надевам дека ќе го видиме во иднина, рече Сакеларопулу.

-Имаме ескалирачка турска агресија, која, морам да кажам дека се приближува дури и до точка на апсурдност. Жално е, бидејќи Грција е земја што секаде шири логика, сериозност и почитување на меѓународното право, почитување на потребата за одржување на мирот и стабилноста. Жално е да имаме сосед кој не ја согледува реалноста на ист начин, рече Дендиас. ср/сд/

Back to top button
Close