Санкции за 168 возачи во Скопје, без дозвола биле 15

На територијата на Град Скопје во текот на вчерашниот ден се изречени 168 мерки, во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

За возење без возачка дозвола изречени се 15 мерки, 14 за некористење сигурносен појас, по 12 за технички неисправни и нерегистрирани возила, како и за користење мобилен телефон, а седум санкции за минување на затворен семафор (црвено светло).

МВР во денешното соопштение прецизира дека се изречени и 45 мерки за непрописно паркирање и 51 возило се подигнати со специјално возило „пајак“. За неносење заштитна маска изречени се 12 санкции.

– Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, се наведува во соопштението од МВР. ц

Back to top button
Close