Сара Тасевска: Не мора да бидеш богат за да изгледаш добро и урбано

Скролајќи на Инстраграм во обид да се одморам од „тие па тие“ истите лица на познатите селебрити и инфлуенсери случајно наидов на  Сара Тасевска, односно tasevska_12.

После кратко скролање бев буквално одморен од нејзината позитивна енергија, свежина, непосреден пристап, стил…

Во краток разговор за тоа како го користи инстаграмот ми кажа дека ја интересира мода, сака да биде модна дизанјерка, како и дека ѝ здодеало тоа што во Скопје гледа многу убави млади луѓе, но кои не обрнуваат внимание на својот стил. Едноставно немаат таков интерес и изгледаат како излезени од ситиот калап.
За себев ели дека псотојано избира различни модни комбинации кои на прв поглед делуваат несоодветно.

-Уште од мала ја сакам модата. Секогаш избирам стајлинг и комбинации во кои се чувствувам добро. Сакам да спојувам парчиња облека кои на прв поглед изгледаат неспоиви. Од тоа најчесто излегува добра комбинација. – вели Сара.

Од модните инфлуенсери најмногу и се допаѓа Оливија Палермо, додека отсекогаш омилена личност и била Џенифер Лопез.

-Инфлуенсерите се влијателни личности кои ги креираат модните и козметичките текови. Тие се бренд амбасадори на новите производи- вели Сара која освен што има цел да биде модна дизајнерка вели дека секојдневнос спортвука. Има 17 годин и учив осопртската гимназија. Нејзиниот инстаграм профил е tasevska_12.

Зоран Василевски

Фото: Бојан Стоилковски

 

Back to top button
Close