СДСМ: Борбата против криминалот и корупцијата меѓу највисоките приоритети на „Акција 21“

СДСМ и Владата што ја предводи посветено работи на воведување на најдобрите европски стандарди и практики, преку стратешката рамка “Акција 21”, составена од 10 клучни приоритети чија реализација носи подобар живот за секој еден граѓанин.

Меѓу највисоките приоритети во Акција 21 е борбата против корупцијата и криминалот.

Преку воспоставување на јасни механизми за интензивна соработка меѓу сите надлежни чинители, со силна политичка волја и мотивација на секој граѓанин, заеднички се ангажираме во искоренувањето на корупцијата.

Веќе се преземени првите чекори во насока на намалување на можностите за појава на корупција.

Владата предводена од СДСМ, го намали бројот на министри и формираше ефикасна, отворена и одговорна Влада, подготвена да работи посветено во интерес на граѓаните и државата.

Резултатите се видливи. Врз основа на прекршените одредби на Кодексот за етичко однесување на членовите на Владата и функционерите именувани од Владата, беа разрешени директори на владини агенции и јавни претпријатија, како и цел состав на комисија.

Транспарентноста е исклучително важна во борбата против корупцијата, затоа Владата предводена од СДСМ спроведува максимална отвореност и целосна транспарентност.

Граѓаните имаат право да знаат како се трошат народните пари, како и колку работат институциите, општините и сите кои користат буџетски средства.

Секој што ќе го прекрши законот, ќе мора да се соочи со одговорност.

Еднаш засекогаш мора да има ред во институциите.

Back to top button
Close