СДСМ: Држењето до збор за ВМРО-ДПМНЕ е кукавичлук, нивната конфузија не е добра за македонската демократија
Држењето до зборот на нивниот претседател Христијан Мицкоски во опозициската партија го нарекоа кукавичлук., тоа го има само во ВМРО-ДПМНЕ. Што е следно? Дали утре ќе излезат на прес-конференција и ќе кажат чесноста е предавство или дека солидарноста е омраза?
Многу тешка ситуација во опозициската ВМРО-ДПМНЕ, нивната конфузија не носи добро за македонската демократија, велат од СДСМ како реакција на одговор на новинарско прашање на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.