СДСМ: На Мицкоски му пречи “Акција 21”, зошто на прво место се правдата и борбата против корупцијата
На Христијан Мицкоски како единствен на браникот на криминалот и не му останува ништо друго освен да е против реформи во кои приоритет е правдата.
Мицкоски бил и останува вечен противник на реформските планови бидејќи во нив правдата е под број 1 – така и со “Акција 21”
Втор приоритет во владиниот реформски план “Акција 21” е и борбата против корупцијата, а тоа е уште една причина зошто е Мицкоски против.
Реакциите на Мицкоски не се никакво изненадување, напротив тие се очекувани.
Јасно е дека Мицкоски правеше и прави се да ја попречи правдата, па токму затоа и се противеше на носење на Законот за Јавно обвинителство со што предмети на СЈО продолжуваат.
Заштитата на криминалот, деструктивното однесување, лагите и манипулациите, Мицкоски го чинат шест порази од граѓаните.
Граѓаните му го свртеа грбот, не му веруваат затоа што е препознаен како извор на лажни вести, препознаен како единствен кој е на браникот на криминалот.
Што и да прави, Мицкоски нема да успее да го закочи напредокот, нема да успее да ги закочи реформите важни за државата и граѓаните.
Граѓаните се за напредок, за развој, за интерграција и нема да дозволат ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да ги вратат назад, во изолација, неизвесност, криминал и корупција.