СДСМ обвинува за колапс во ЕСМ и загуби од 45 милиони евра
Раководството на ЕСМ, за само три месеци во 2025 година, направило загуба од 45 милиони евра, или дополнителни 11 милони евра, во споредба со истиот период во 2024 година, обвинува опозицискиот СДСМ.
Според партијата, ова е директна последица од лошото планирање и менаџирање на најголемата енергетска компанија, за која велат дека првпат во историјата во првиот квартал потфрлика во својот план за производство за цели 35%.
„Поразително за ВМРО-ДПМНЕ и нивните „успеси“ во ЕСМ, е дека повеќе од 3 месеци немаат назначено директор за правни работи во компанијата. дополнително претседателот на надзорниот одбор си поднесе оставка, комплетно потфрлање во оваа најголема енергетска компанија. Доказ се овие 45 милиони евра загуба, и дополнителните 110 милиони евра кредити кои токму ова раководство ги зема за нецела година. Единствен успех им се лажните видеа и интервјуа на министерката Божино вска и ЕСМ, каде самите се фалат дека многу биле добри, а резултатите ги враќаат во суровата реалност која самите ја создадоа. Замислете на своите статуси на социјалните мрежи пишуваат изјави од типот, “Македонија со јасна енергетска визија” а најголем успех на Сања Божиновска се нејзините видеа кои ги објавува на социјалните мрежи, и наместо да ги засука ракавите и да работи во интерес на граѓани во енергетиката, таа си мисли продуцент ќе станува, можеби ќе добие награда на некој филмски фестивал“, се вели во партиското соопштение.
Според СДСМ, визијата на Владата е да пропадне ЕСМ најмногу што може.
„Доказ е поставувањето на директор без ниту ден искуство во енергетскиот сектор, а се што може во државата да им се даде да се гради на приватни странски инвеститори и уште самите да се фалат со ова. Ваква пародија досега не е видена во нашата држава“, стои во соопштението.