СДСМ прашува: Зошто МВР немаше оперативни информации и дозволи хаос на улиците
На прес-конференцијата што ја одржа денес, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски избегна да ја преземе одговорноста за безбедносниот хаос кој кулминираше со инцидентите во центарот на Скопје.
Наместо оставка, Тошковски тврдеше дека полицијата реагирала соодветно и навремено, но СДСМ поставува клучни прашања: Зошто МВР немаше оперативни информации за да спречи ваков инцидент? Како се дозволи запалување на македонското знаме и пукање со автоматски оружја среде Скопје?
Факт е дека полицијата, предводена од кадри на ВМРО-ДПМНЕ, целосно потфрли. „Ова е директен резултат на хаосот и неспособноста во МВР, кои веќе речиси една година немаат контрола врз бандите и криминалот,“ порачаа од СДСМ.
СДСМ остро го осудува овој акт на запалување на македонското знаме, кој претставува сериозна закана за безбедноста на граѓаните и упати апел до граѓаните да останат смирени и да не подлегнуваат на провокации.