СДСМ:Законите важат за сите подеднакво, времето на селективност е минато

Соопштение на СДСМ

Навикнати на беззаконие, ВМРО-ДПМНЕ се единствените кои не можат да се помират со тоа што се постапува по закон и се уриваат дивоградби.

За разлика од времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ денес се постапува неселективно, професионално во спроведување на законите и во интерес на граѓаните.

Очајното ВМРО-ДПМНЕ до толку е изгубено во сопствените манипулации што денеска покажа дека не ги познава законите, ниту оние кои самата партија ги има донесено како што е Законот за легализација на бесправно изградени објекти со кој имаше можност за легализација на имоти изградени до 2011 година.

Колку и да не му се допаѓа на очајното ВМРО-ДПМНЕ, денес законите важат за сите подеднакво, а времето на селективност е минато.

Следува ред, правда и дисциплина на сите нивоа и одговорност од сите кои ќе го прекршат законот.

Back to top button
Close