Се води предистражна постапка за ширење говор на омраза од страна на клубот „Ванчо Михајлов“


Весна Бендевска од Комисијата за заштита и спречување на дискриминација во вечерашното гостување на телевизија Телма откри дека ОЈО Битола води предистражна постапка за ширење говор на омраза од страна на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ преку нивните социјални мрежи.

-Министерството за правда мораше да превенира. Пилот проектот за користењето на името Ванчо Михајлов во Централниот регистар овозможи друго здружение во Охрид да го користи името Цар Борис Трети. Не говорам од политички аспект, туку само од аспект на Законот за заштита од дискриминација.
Инаку, сакам да информирам дека во однос на спорните содржини објавувани на социјалните мрежи на здружението Ванчо Михајлов, го известивме Основното јавно обвинителство Битола бидејќи во дел од содржините има можност да станува збор за еклатантен говор на омраза, што е забранет согласно Кривичниот законик. Од Обвинителството не известија дека веќе е отворена предистражна постапка, рече Бендевска.

Back to top button
Close