Се возело и со 213 километри на час – 297 возачи казнети за брзо возење во Македонија

 

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што се санкционирани 297 возачи. Според информации од МВР забележан е возач со брзина од 213 километри на час.

Полицијата соопшти дека 21 возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, велат од МВР и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Back to top button
Close