Села: Бугарија има територијални претензии – албанските ученици во Македонија учат лажна историја

Бугарија се уште има територијални претензии кон Северна Македонија, вели лидерот на АА, Зијадин Села додавајќи дека политичките случувања во регионот, под печатот на евроинтегративните преговори, ја враќаат темата на почетокот на 20 век.

„Темата што ја отвори Бугарија во последно време, со неприфаќање на македонскиот идентитет и јазик, од моја гледна точка, тоа што не се кажува во овој случај, е дека Бугарија и натаму има територијални претензии кон Македонија“, вели Зијадин Села.

Села рече дека предизвикуваат загриженост и училишните текстови кои ги учат младите Македонци за Албанците, како дојден народ, и обратно, лагите кои ги изучуваат учениците Албанци.

„Ние и натаму живееме овде во Македонија како привремен народ со историја што ја изучуваат децата Албанци и која нема врска со нашите преродбеници туку има врска повеќе со лажната историја која им се наметнува ним“, додава Зијадин Села.

Села исто така рече дека спорот Скопје- Софија, во основа го содржи прашањето за неколку историски ликови, но проблемот е поголем од тоа, а албанскиот политички фактор воопшто не учествува на теми од ваква важност.

Back to top button
Close