Села: Македонските партии сакаат етнички чиста држава, ДУИ им помага

Во интервју за албанската телевизија Ора, лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, рече дека ДУИ ветила албански премиер, но не го запазила тоа ветување. Според Села, од ДУИ се уценети кога станува збор за албанското прашање. Тој истакна дека македонските партии имаат интерес да направат етнички чиста држава која во реалноста е мултиетничка.

Тој вели дека ДУИ се уценети од македонските политички партии.

„Македонските партии имаат интерес да направат етнички чиста држава која во реалноста е мултиетничка. Македонија зависи од двата главни народа, Албанците и Македонците. Политиката од последните 30 години ги натера да градат своја национална држава. Заедно со ДУИ, тие успеаа, затоа што стапката на емиграција на Албанците е многу висока. Луѓето заминуваат затоа што се разочарани. Последните избори што ги добија беа украдени, бидејќи се занимаваа со закани и уцени за отпуштања. Додека ние стигнавме до 12 пратеници. Немавме членови на комисијата на избирачките места и тие манипулираа со гласањето“, рече Села во интервјуто.

Back to top button
Close