Северна Кореја: Новиот петгодишен развоен план ќе се претстави во јануари, на конгресот на Работничката партија
– Севернокорејската владеачка Работничка партија, во јанари ќе одржи конгрес на кој се очекува лидерот Ким Џонг-ун да го објави новиот петгодишен план за развој на националната економија, погодена од санкциите на Вашингтон и пандемијата на коронавирусот.
Плановите за одржување на конгресот беа потврдени за време на вчерашниот пленарен состанок на Централниот комитет на партијата, на кој Ким призна дека има економски тешкотии предизвикани од „неочекуваните и неизбежни предизвици од различен аспект и ситуацијата во регионот околу Корејскиот Полуостров“, јавија американските медиуми.
Во извештајот, меѓутоа, експлицитно не се наведува дали се мисли на проблемот со дипломатските односи меѓу Пјонгјанг и Вашингтон, кои се оптоварени со севернокорејската нуклеарна програма.
Севернокорејската Работничка партија својот последен конгрес во полн состав го оддржа во 2016 година, за првпат по 36 години, потсетуваат американските медиуми. сд/