Штип „Арт активизам“ преку инсталации бара одговорност од институциите и граѓаните во време на коронакриза
Градскиот плоштад „Слобода“ од денеска има „Топка на одговорноста“, а во коритот на реката Отиња осамнаа прашалници и неколку прашања „Кој не се придржуваше до мерките“.
Овие две инсталации денеска ги поставиле активистите од Штип Арт активизам. Во соопштението до медиумите оттаму посочуваат дека Штип како град бил еден од најпогодените и градови со една од најголемите бројки на заразени од вирусот Ковид 19.
Штип арт активистите спроведоа уште една акција и овој пат главниот акцент го ставаат на одговорноста, односно, неодговорноста и (не)постапувањата на институциите.
-Истите во изминатиот период си ја префрлаа „топката на одговорност“ и со тоа се отстапи време за конфузија помеѓу граѓаните, но и злоупотреби од поединци од чија неодговорност трпеше целиот град и сите граѓани. Исто така, сакаме граѓаните да го постават прашањето почнувајќи од себе па потоа прашувајќи ги и работодавачите, институциите, локалните власти, превозниците кој е виновникот за драстичното зголемување на заболени во Штип и чија е одговорноста за (не)постапување, велат од Штип Арт активизам.
Сакаат како активисти да пренесат дека сите институции имаат одговорност навремено и почитувајќи ги законите да реагираат навремено се со цел помал број на заразени со вирусот Ковид 19, преку поставената инсталација на градскиот плоштад „Слобода“ во Штип каде е поставена “Топката на одговорност“ преку која граѓаните можат и директно да ги посочат институциите кои требаше реагираат навремено, прецизно и согласно нивните надлежности и ингеренции.
Преку втората инсталација во коритото на река Отиња сакаат граѓаните да го постават прашањето, а пред се почнувајќи од себе па потоа прашувајќи ги и работодавачите, институциите, локалните власти, превозниците кој е виновникот за драстичното зголемување на заболени во Штип.
-Очекуваме тие да почнат да прават поголем притисок да се почитуваат мерките и препораките да се анимираат поголем број на граѓани, институции и работодавачи за подигање на свеста за придржување до мерките и препораките ,построго делување на инспекторатите и институциите се со цел помали штети по животот и здравјето на граѓаните,компаниите и целиот град при идниот бран на Ковид 19 кој се очекува, велат од Арт активизам.
Апелираат до сите граѓани, работодавачи, превозници и институции, да ги почитуваат мерките, да бидат сите одговорни, солидарни, на висина на задачата и да се заштити колективното здравје во нашиот Штип.
– Апелираме до институциите да не си ја префрлаат одговорноста и да почнат да делуваат согласно законите, подвлекоа од Арт активизам.