Си го нападнал синот со секира – битолчанец дивеел и во полициска станица


Вчера во 11:15 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Ф.В.(41) од Битола поради сомнение за сторени кривични дела „убиство во обид“ и „загрозување на сигурноста“, односно затоа штпо на 18.02.2026 физички го нападнал неговиот син, при што употребил и секира, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).

Додека со него се водел службен разговор во Полициската станица Битола, тој нападнал полициски службеници и оштетил дел од инвентарот. За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против него ќе следуваат соодветни пријави.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close