Скопјанец остана без 3.500 евра – му кажале дека ќе го спасат син му од затвор откако прегазил дете


Еден 74-годишен скопјанец пријавил вчера во 22.00 часот во полиција дека тој и неговата сопруга биле измамени од едно лице за сума од 3.500 евра.

Според пријавеното, лицето им се јавило околу 09.15 часот и ги известило дека нивниот син предизвикал сообраќајна несреќа во која починало дете и доколку сакаат да се спаси од затвор ќе треба да му дадат пари. Како што е пријавено, тие се договориле и му ги дале парите, но подоцна сфатиле дека се измамени.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Back to top button
Close