Скопјанец повикан во полиција поради коментар на ФБ со говор на омраза за автобуската несреќа

По добиена пријава за објавен коментар на профил на телевизиска куќа, В.Е. бил повикан на информативен разговор, а за случајот е известен и јавен обвинител

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика по извршени оперативни проверки и активности, а во соработка со полициски службеници од СВР Скопје, денеска изврши информативен разговор во полициска станица со В.Е. од Скопје, поради основи на сомнение дека преку социјалната мрежа „Фејсбук“ објавил коментар кој содржи елементи на говор на омраза.

„По добиена пријава за објавен коментар на профил на телевизиска куќа, кој се однесува на трагичната автобуска несреќа во која загинаа 45 наши државјани, Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика презема мерки и активности и го утврди лицето кое стои зад напишаниот коментар со елементи на говор на омраза“,се наведува во соопштението на МВР.

Оттаму посочуваат дека, во соработка со полициски службеници од СВР Скопје, било утврдено дека ова лице е со место на живеење на подрачјето на СВР Скопје.

Од Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика за случајот испратиле известување до јавен обвинител од Основно јавно обвинителство – Скопје, а по целосно расчистување и документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Back to top button
Close