Скопјанец пронајден мртов во неговиот дом

Педесет и четиригодишниот скопјанец Б.Р. вчера бил пронајден починат во неговиот дом на подрачјето на општина Гази Баба.

Како што соопшти МВР, случајот бил пријавен во полиција вчера во 09.50 часот.

Од страна на лекар била констатирана смрт, увид извршила увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

Back to top button
Close