Со автомобил влетал во нотарска канцеларија во скопска Автокоманда
Со автомобил „Опел Астра“, 29-годишниот А.Р. од Скопје утрово во 05:35 часот изгубил контрола над возилото, излетал од патот и удрил во објект лоциран на булеварот „Александар Македонски“, каде е сместена нотарска канцеларија.
Од полицијата велат дека лицето било пренесено во ГОБ „Св. Наум Охридски“ каде му се констатирани повреди и му е укажана лекарска помош.
Полициски екипи на местото на несреќата извршиле увид.