Сојузот на борци Тетово со осуда за средбата на градоначалникот Касами со Шпатим Положани

Соопштение на Сојузот на борци од НОАВМ и граѓаните поддржувачи од Тетово, 17 септември 2025
Сојузот на борци од НОАВМ и граѓаните поддржувачи упатува остра осуда поради синоќешната средба на Билал Касами во кабинетот на Градоначалникот на Општина Тетово со Шпатим Положани.
Потсетуваме дека во јуни 2009 година, Шпатим Положани со неколкумина други предводеше иницијатива за федерализација на Македонија, а во ноември 2017 ја згрози јавноста со изјава во венсикот „Лајм“ дека – „Албанците се 50% од Македонија и треба да одлучат дали оваа држва ќе постои или не.“
