Социјалната мрежа ТикТок се придружува кон ЕУ Кодексот против говор на омраза

ТикТок, една од најпопуларните социјални мрежи, најави дека се придружува кон Кодексот против нелегален говор на омраза на ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.

Кон Кодексот се приклучија веќе Фејсбук, Мајкрософт, Твитер, Јутјуб, Инстаграм, ДејлиМоушн и Снепчет, меѓу другите.

Одлуката на ТикТок ја поздрави еврокомесарот за правда, Дидие Рејндерс.

-Со потпишувањето на нашиот Кодекс на однесување, ТикТок покажува цврста посветеност кон справувањето со нелегалниот говор на омраза на интернет. На ЕУ и е потребна солидна соработка со големи чинители како овие за да ја направи онлајн средината безбедна, изјави Рејндерс.

Според последните наоди од извештајот на Кодексот за однесување на интернет, платформите изминативе месеци отстраниле 71 отсто од објавените содржини затоа што биле оценети како нелегален говор на омраза.

Кодексот постои од 2016-та година.

Back to top button
Close