Сомнеж за труење со храна во основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во Аеродром


Дечиња од прво до трето одделение од основното училиште ,,Ѓорѓија Пулевски” во Општина Аеродром се сомнева дека се затруле со храна.

За состојбата родителите ги известиле директорот и наставниците, по што е затворена кујната во училиштето и денеска не се служи топол оброк. За ова добиле известување и сите надлежни инситуции, кои допрва треба да утврдат дали причината за труењето на дечињата е храната од кујнатра во училиштето.

По информацијата за отсутво на поголем број ученици од прво до трето одделение во интерес на заштита на децата денс топол оброк не се служи односно кујната не работи, Училиштето пријави веднаш во Агенција за храна и ветеринарство како и во Центарот за јавно здравје. Чекаме за понатамошно дејствување. За сите преземени дејствија ќе бидете навремено известени.”, пишува во дописот од директорот на училиштето Александар Филипчев.

Во врска со труењето во основното училиште ,,Ѓорѓија Пулевски”, се огласија и од Левица.

,,Ја повикуваме општината и надлежните веднаш да го обелоденат овој скандал во јавноста и да ги повикаат другите надлежни институции да извршат истрага и да се најде што поскоро виновникот за масовното труење и да се бара соодветна казна за сторителот, се вели во соопштението на партијата.”, велат од Левица.

Back to top button
Close